Од 2021

Машкиот финален АТП турнир, од Лондон се сели во Торино

Завршниот тениски турнир кој последните десетина години се одржува во Лондон на крајот на сезоната, од 2021 до 2025 година ќе се игра во Торино.

Како што соопшти прес-службата на АТП, турнирот ќе се игра во најголемата затворена арена во Италија „Пала Алпитур".

Торино ќе биде 15. град во историјата кој ќе биде домаќин на финалниот шампионат.

Оваа година, како и следната турнирот ќе се одржи во Лондон во „О2 Арена".  Во главниот град на Велика Британија, најсилниот турнир во светот за тенисери се одржува од 2009 година.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе