Марко Блажевски исплива 100 метри градно за 01:03.05 на Зимскиот национален шампионат во САД во 50 метарски базен и постави нов македонски рекорд.
Стариот негов рекорд изнесуваше 1:03.57 постигнат во Лондон во 2016 година.
На шампионатот во САД тој најпрво исплива време од 1:03.27 кое исто така во тој момент беше најдобро и со кое се пласираше во Б финалето, а таму го постави рекордот од 1:03.05 со кој го освои шестото место во трката.
Во вкупниот пласман на Зимскиот национален шампионат во САД, Марко Блажевски го освои 14. Место што е извонреден успех за нашиот пливач.