Рено Твинго Куп

Марко Блажевски – најдобар македонски возач на тркачката патека во Гробник

АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг денес  ја одржаa првата трка од финалниот викенд на Македонското Рено Твинго Куп првенство во Гробник, Хрватска.

Двајца натпреварувачи на Рено Твинго Куп се најдоа во првите 10 и тоа: Марко Блажевски кој беше седми во генералниот пласман, а се покажа како најдобар во Македонскиот Твинго Куп.

Второто место пак му припадна на победникот за оваа втора сезона - Давид Малинковски, додека пак трет по пласман е младиот Мартин Костовски.

Пласманот на останатите Македонски возачи е по следниот редослед:

Зоран Мираковски е 19, Ангелче Стојковски - 21, Слободан Трајковски 22 и Емил Нацка 23, додека пак Владимир Тренески и Ненад Костовски не влегоа во класификацијата за бодови.

И покрај тоа што победата на брилијантниот Малинковски е сигурна, нѐ очекува уште една финална Твинго Куп трка, закажана за утре во 16:00 часот, а истата може да ја следите во живо на следниот линк:

TWINGO CUP powered by Glaso 2021 - Round 9 - Automotodrom Grobnik - YouTube

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе