МОТО ГП

Маркез победи на дождот во Мизано, но Зарко е херојот на денот

Марк Маркез најдобро се снајде на влажната патека и стигна до триумф во Мизано пред Данило Петручи но честитки заслужува упорниот Жоан Зарко кој го туркаше моторот стотина метри за еден бод

Марк Маркез се изедначи со Андреа Довициозо на врвот во генералниот пласман откако попладнево најдобро се снајде на дождот во Мизано за ГН на Сан Марино.

Трката одлично започна за Хорхе Лоренцо, кој од петтото место на стартот веднаш го превзеде водството и почна да билда предност, но возачот на Дукати загуби контрола во 5. круг и падна, па Данило Петручи стана нов лидер на трката.

Италијанецот на сателитскиот Дукати беше во водство се до последниот круг, кога Марк Маркез конечно тргна во атак откако неколку кругови му „дишеше во врат“ на противникот.

Шпанецот имаше брзина па со леснотија се справи за победа во Мизано, негова четврта оваа сезона.

Зад нив, трет низ целта мина Андреа Довициозо, кој го загуби темпото на пет круга до крајот, и имаше заостанување од над десет секунди.

Но покрај извонредната битка на врвот, честитки заслужува и Жоан Зарко, кој беше на пат да заврши како седми но снема горови во последните кривини. Младиот Французин не сакаше да се предаде, па стотина метри го туркаше моторот за да освои ЕДЕН бод.

Премиерот имаше добра прилика во највисокиот светски политички форум, поексплицитно да ги образложи причините за спорот за името.

повеќе

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе