КОТА има нов шериф

Маркез падна и испушти сигурна победа, Ринс ја доби битката со Роси за прва победа во Мото ГП!

Алекс Ринс се радува на првата победа во кралската класа, возачот на Сузуки го искористи падот на Марк Маркез за по интересна битка со Валентино Роси да мине прв низ целта.

Марк Маркез доминираше во Тексас изминативе години, синоќа се избори за седум пол-позција во исто тплки трки, а денеска му се смешката и седмата победа. Возачот на Хонда со одличниот старт поведе уште по првиот свиок и веднаш почна да билда предност.

И кога се чинеше дека другите ќе се борат само за второто место, Шпанецот на средината од трката загуби контрола врз својот моторот на крајот од рамнината и падна во свиокот број 12.

Па одеднаш им се укажа шанса на ривалите. Валентино Роси и Алекс Ринс имаа убава битка за врвот, во која возачот на Сузики се покажа како поумешен и стигна до првата своја победа во кралската класа.

Последното место на пиедесталот му припадна на Џек Милер, а од падот на Маркез профитираше и Андреа Довициозо, кој финишираше како четврти и сега е нов лидер во генералниот пласман.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе