Мото ГП

Маркез го искористи Роси за нов рекорд во Силверстоун и нова пол позиција

Марк Маркез е победник во квалификациите за ГН на Велика Британија, Шпанецот итро го следеше Валентино Роси и стигна до пол позиција со нов рекорд во Силверстоун.

Марк Маркез се радува на нова пол позиција. Возачот на Хонда попладнево со нов рекорд во Силверстоун победи во квалификациите пред Валентино Роси и Џек Милер. 

По првите брзи кругови, Фабио Квартараро беше на врвот со време од 1:58.612, но младиот Французин не напредуваше кога по втор пат излезе на патеката, па утре ќе стартува како четврти.

Марк Маркез одигра итро и реши да го прати стариот лисец Валентино Роси во второто излегување на патеката, и тоа му овозможи да постави извонредно време од 1:58.168.

Популарниот „Доктор“ на крајот мораше да се задоволи со второто место, а трето најдобро време имаше Џек Милер, кој пак возеше токму зад водечкото дуо.

Минхенската безбедносна конференција, која со децении служеше како силен симбол на силата на западното сојузништво, оваа година покажа дека јазот меѓу сојузниците е поголем од кога и да е.

повеќе

Време е да се почне да се размислува што може да значи тоа.

повеќе

Која е логиката на Заев и СДСМ со вчерашниот протест што од сега се гледа дека ќе им биде и наративот за целата кампања?!

повеќе