Мото ГП

Маркез го искористи Довициозо за да постави рекорд во Муџело и да стигне до пол!

Марк Маркез со помош на одлична тактика постави рекорден круг во Муџело и стигна до пол-позиција на сметка на неговиот голем ривал Андреа Довициозо.

Дукати потфрли во квалификациите на домашната трка во Муџело. Големиот правец и брзите свиоци требаше да помогнат до израз да дојде моќта на нивниот мотор, но Марк Маркез на крајот стигна до пол.

За болката да биде поголема, Шпанецот го искористи Андреа Довициозо за да победи во квалификациите. Актуелниот шампион постојано возеше зад својот голем ривал и искористи заветрина за рекорден круг од 1:45.519.

Второто место му припадна на рукито Фабио Квартараро, кој беше на добар пат да приреди сензација. Од првиот ред утре ќе старува и Данило Петручи, кој беше најдобро пласиран возач на Дукати.

Франко Морбидели, другиот возач на вториот тим на Јамаха, ќе стартува како четврти, а крај него во вториот ред се Џек Милер и Кал Крачлоу.

Маверик Вињалес, Франческо Бањаја и Андреа Довициозо се во третиот ред, а Такаки Накагами, Пол Еспаргаро и Микеле Пиро во четвртиот.

Валентино Роси имаше катастрофални квалификации и ќе стартува како 18-ти пред домашната публика, а за нијанса подобар беше минатогодишниот победник во Муџело, Хорхе Лоренцо кој ќе стартува како 17-ти.

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе

Да се стави точка на великобугарскиот шовинизам е насловот позајмен од едно писмо напишано во јули 1946 година од Илинденската организација до Владата на слободна Македонија.

повеќе