Мото ГП

Маркез е вонземјанин, со рекорден круг во Австрија испиша историја и стана возачот со најмногу пол позиции

Марк Маркез стана возачот со најмногу пол позиции во кралската класа и го надмина постигнувањето на Мик Дуан, Шпанецот денеска победи во квалификациите на ГН на Австрија со рекорден круг.

Возачот на Хонда одново ја збриша конкуренцијата, попладнево му немаше рамен во квалификациите за ГН на Австрија. Тој во своето второ излегување, постави нов рекорд на патеката со време од 1:23.027.

За него ова беше 59-та пол позиција во кралската класа со што испиша историја и го надмина постигнувањето на Мик Дуан. 

Зад него, Фабрио Квартараро со заостанување од речиси половина секунда ќе стартува како втор, а последното место во првиот ред му припадна на Андреа Довициозо.

Потоа следуваат Маверик Вињалес, Франческо Бањаја, Такаки Накагами, Алекс Ринс, Џек Милер, Кал Крачлоу, Валентино Роси, Пол Еспаргаро и Данило Петручи.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе