Мото ГП

Маркез без мака до триумф во Мотеги го изедначи рекордот на Дуан и ја потврди титулата на Хонда

Марк Маркез триумфираше на ГН на Јапонија, Шпанецот без многу мака стигна до 10. победа оваа сезона, го изедначи рекордот на Мик Дуан и ја потврди конструкторската титула на Хонда.

Шпанецот синоќа за прв пат стигна до пол позиција во Мотеги, па својата доминација ја потврди и денеска. Тој водеше практично цела трка, не беше на чело на колоната само кратко во воведните кругови, но откако повторно се врати во вовдство, неговото темпо не беше достижно за ривалите.

За Марк Маркез ова беше 10. победа оваа сезона, тој сега има вкупно 54 победи во кралската класа со што го изедначи рекордот на Мик Дуан, и пред него на листата има само две имиња. Триумфот исто така значеше дека Хонда ја освојува конструкторската титула.

Зад него, имаше интересна борба на неколку возачи за Фабио Квартараро да финишира како втор, а последното место на пидесталот да му припадне на Андреа Довициозо.

Помеѓу најбрзите десет уште се најдоа и Маверик Вињалес, Кал Крачлоу, Франко Морбидели, Алекс Ринс, Жоан Мир, Данило Петручи и Џек Милер.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе