Мото ГП

Маркез без конкуренција во Брно, Шпанецот се радува на 50-тата победа во кралската класа

Марк Маркез беше недостижен за конкуренцијата на ГН на Чешка, Шпанецот водеше од старт до крај за ново славје и 50-тата победа во кралската класа.

Марк Маркез стана само четвртиот возач во историјата со 50 победи во кралската класа откако денеска триумфираше во Брно.

Шпанецот беше недостижен за конкуренцијата на ГН на Чешка и водеше од стрт до крај. Андреа Довициозо држеше темпо до половина трка, но возачот на Дукати не можеше да го испрати ривалот во последните десетина круга.

Трет низ целта мина Џек Милер, кој во претпоследниот круг го претекна Алекс Ринс на Сузуки.

Почетокот на трката во Брно донцнеше 40 часа, откако непосредно пред стартот падна пороен дожд и одредени делови на патеката беа прилично влажни.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе