Шпанецот чувствува болка

Марк Маркез нема да се трка во Херез: Повеќе нема да ризикуваме

Од таборот на Хонда потврдија дека Марк Маркез утре нема да се појави во трката за ГН на Андалузија, актуелниот шампион нема да ризикува.

Шпанецот направи изненадувачки кам-бек по тешкиот пад минатиот викенд и фрактурата на десната рака која мораше да биде санирана со операција.

Марк Маркез возеше во третиот и четвртиот слободен тренинг, но не постави време во квалификациите. Некои сметаа дека е тактизирање, но од таборот на Хонда потврдија дека актуелниот шампион нема да се трка утре.

„Почна се повеќе да чувствува болка, и се помалку комфорно му беше на моторот. Па одлучивме дека повеќе нема да ризикуваме и најдобро е тој да не се појави утре во трката“ – рече пртвиот човек на Хонда, Алберто Пуиг.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе