Го чека долга пауза

Марк Маркез опериран по трет пат, интервенцијата траела дури 11 часа!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Марк Маркез денеска бил опериран по трет пат, интервенцијата траела дури 11 часа и се шпекулира со пауза од шест месеци.

Марк Маркез имаше тежок пад на првата трка од сезоната 2020, заработи фрактура на горниот дел на десната рака и мораше да биде опериран.

Сепак, следниот ден тој правеше склекови, докажуваше дека веднаш може да се врати на моторот и токму тоа го стори, се појави на втората трка во Херез.

Но ваквото коцкање се покажа како погрешно, тој ја оштети титаниумската плочка со која му беше санирана фрактурата и мораше одново да биде опериран.

Марк Маркез повеќе не се појави до крајот на сезоната а големи се шансите да го пропушти и почетокот на следната.

Неколку извори од Шпанија доцна вечерва пренесоа дека Марк Маркез бил опериран по трет пат, интервенцијата траела дури 11 часа.

Од таборот на Хонда и семејството Маркез се уште се немаат огласено, а медиумите шпекулираат дека возачот ќе паузира шест месеци.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе