Марк Маркез имаше тежок пад на првата трка од сезоната 2020, заработи фрактура на горниот дел на десната рака и мораше да биде опериран.
Сепак, следниот ден тој правеше склекови, докажуваше дека веднаш може да се врати на моторот и токму тоа го стори, се појави на втората трка во Херез.
Но ваквото коцкање се покажа како погрешно, тој ја оштети титаниумската плочка со која му беше санирана фрактурата и мораше одново да биде опериран.
Марк Маркез повеќе не се појави до крајот на сезоната а големи се шансите да го пропушти и почетокот на следната.
Неколку извори од Шпанија доцна вечерва пренесоа дека Марк Маркез бил опериран по трет пат, интервенцијата траела дури 11 часа.
Од таборот на Хонда и семејството Маркез се уште се немаат огласено, а медиумите шпекулираат дека возачот ќе паузира шест месеци.