Шпанецот нема да избрзува со враќање на патеките

Марк Маркез ја научи лекцијата, ќе ги прескокне двете трки во Австрија

Марк Маркез нема да избрзува со враќа на патеките, актуелниот шампион ќе ги прескокне двете трки во Австрија и целта е да биде подготвен за тркта во Мизано на 13. септември.

Шпанецот имаше тежок пад на првата трка оваа сезона, мораше на операција и додека сите очекуваа тој да паузира, Марк Маркез само по неколку дена се качи на моторот и се обиде да се појави на втората трка во Херез.

Сепак, овој потег се покажа како погрешен, тој мораше на втора операција па изминатиов викенд не се појави во Брно.

Марк Маркез очигледно ја научи лекцијата, па актуелниот шампион ќе ги прескокне двете трки од Австрија. Од таборот на Хонда, официјано потврдија дека Шпанецот ќе ја пропушти само првата трка, но неговата замена Штефан Брадл на социјалните мрежи откри дека тој ќе вози и на втората трка во Австрија.

„Штефан Брадал повторно ќе вози за Репсол Хонда на ГН на Австрија додека актуелниот шампион Марк Маркез продолжува со опоравувањето од операцијата“ – гласеше известувањето на Хонда.

Штефан Брадл пак на социјалните мрежи порача: „Среќен сум што ќе продолжам со Репсол Хонда на уште две трки на Ред Бул Ринг“.

Целта на Марк Маркез е да биде подготвен за трката во Мизано на 13. септември.

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе