Возачот на Хонда е успешно опериран

Малку добри вести за Маркез, Шпанецот ќе паузира недели наместо месеци

Марк Маркез утрово бил успешно опериран, за среќа не е оштетен нервот па тој ќе паузира недели наместо месеци и постои можност да се врати на трката во Брно на 9. август.

Актуелниот шампион имаше луда трка на отварањето во Херез, успеа да се спаси од пад во воведните кругови, да се врати од опашката на колоната до место на пиедесталот, но не можеше да стори ништо кога на четири круга пред крајот летна преку својот мотор и силно слета на асфалтот. 

Марк Маркез заработи фрактура на горниот дел од десната рака, но докторите стравуваа дека може да е оштетен и нервот, што ќе значеше многу посериозна повреда. 

Шпанецот утрово беше опериран и вестите се добри. Зафатот поминал успешно, нема оштетување на нервот па тој ќе паузира недели наместо месеци.

Марк Маркез нема да се појави на втората трка во Херез овој викенд, но постои можност да се појави во Брно на 9. август.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе