Во својата 190-та трка, Серхио Перез конечно победи во Формула 1. Втората трка во Бахреин, по нова кратка конфигурација, донесе луда трка и солзи за Мексиканецот.
Младиот Џорџ Расел, кој го менува Луис Хамилтон во Мерцедес, ја поведе трката и долго време беше на чело на колоната. Но безбедносното возило и лошиот пит-стоп на механичарите придонесоа тој да падне на позицијата број пет.
Но Британецот не се откажа, по рестартот на трката, веднаш го претекна Ботас, а потоа лесно се справи и со Строл и Окон. И кога почна сериозно да ја намалува предноста на Перез, се случи нов пех, се дупна гумата и мораше во бокс, па на крајот мораше да се задоволи со финиш на деветото место.
Ваквите пехови за Џорџ Расел значеа славеје за Серхио Перез, кој мина прв низ целта за прва победа во својата кариера. Естебак Окон финишираше како втор, а последното место на пиедесталот му припадна на Ленс Строл.
Потоа следуваа Карлос Сианц, Даниел Рикардо, Алекс Албон, Дани Квјат, Валтери Ботас, Џорџ Расел и Ландо Норис.