Од актуелната состојба во пливањето најмногу страдаат децата

Маленко во очај „удри“ по децата, Андреј Стојановски доживеа голема неправда во Кипар

Младиот македонскиот пливач, Андреј Стојановски доживеа неочекуван стрес откако неговиот одличен резултат на КОМЕН Купот во Кипар бил неважечки поради допис од поранешниот претседател на пливачката федерација, Александар Маленко.

Ситуацијата во македонското пливање почна директно да удира по децата кои ја претставуваат Македонија надвор од границите на нашата земја.
 
На КОМЕН Купот кој се одржува во Кипар, младиот Андреј Стојановски го освои одличното шесто место во трката на 5 клометри за пливачи родени 2004/2005 година, тоа е најдобар резултат од ваквите трки за Македонија, но нема да биде вреднуван како официјално време. 
 
 
Причината е дописот кој пред почетокот на настанот го испратил Александар Маленко. Тој во име на непостоечката „Пливачка федерација на Северна Македонија“, правен субјект кој официјално не постои во нашата земја, го информира организаторот дека македонските пливачи не може да пливаат бидејќи не се регистрирани во неговата федерација.
 
„Пливачката федерација на Северна Македонија“ официјално не постои и нема поддршка од пливачките клубови во Македонија, но Александар Маленко се уште фигурира како претседател во ФИНА и ЛЕН и затоа федерациите од другите земји ги земаат во предвид неговите барања.
 
Андреј Стојановски денеска беше побрз од најголемиот дел од репрезентативците на Шпанија и Италија кои важат за исклучително добри натпреварувачи кога маратоните се во прашање, но неговиот импресивен резултат официјално нема да биде запишан.
 
 
Во јуни оваа година истиот проблем го имаше најдобрата македонска пливачка Миа Блажевска на КОМЕН Купот во Бургас. Тогаш Маленко со допис до Пливачката федерација на Бургарија бараше нејзина дисквалификација.
 
Слично е и со македонските пливачи на меѓународниот турнир во Лесковац, Александар Маленко прати допис и до Српската пливачка федерација, па резултатите на децата кои пливаат таму нема да бидат вреднувани на меѓународни ниво.
 
Состојбата во македонското пливање станува алармантна, децата на свој грб ја чувствуваат нерешената ситуација од државните институции кои треба да истапат и конечно да стават крај на овој проблем. Следуваат уште многу меѓународни натпревари, ако ситуацијата не биде решена, проблемите само ќе се продлабочуваат, а ќе страдаат децата.
 
Родителите на оштетените деца згрозени од однесувањето на Александар Маленко планираат да поднесат тужба до него преку првата детска амбасада, Меѓаши.
 
Во меѓувреме „Националната пливачка федерација“ предводена од Александар Филипчев правно го гони Маленко за користење на фалсификат печати, тие од поодамна имаат поднесено тужба против него.
 
 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе