Европско првенство во далечинско пливање

Маленко: Во 2020 година Охрид и Македонија ќе го имаат најголемиот пливачки настан досега

Пливачката федерација на Македонија ќе аплицира за домаќин на Европското првенство во далечинско пливање за 2020 година и очекува сигурно да ја добие организацијата на овој голем настан.

Голема е веројатноста Европското првенство во далечинско пливање на 5, 10 и 25 километри да се одржи во Охрид во 2020 година.
 
Апликацијата за домаќин на Европското првенство во далечинско пливање ќе биде поднесена на 2. јуни на ЛЕН конгрес во Будимпешта.
 
„Во Македонија и Охрид во 2020 година ќе се случи најголемиот пливачки настан досега. На 2. јуни на конгресот во Будимпешта ќе ја поднесеме апликацијата за организација на Европското првенство во далечинско пливање. Засега нема најава за други кандидати“, вели претседателот на ПФМ, Александар Маленко за МКД.мк.
 
„Првенството ќе трае седум дена, ќ се случат три трки, на 5, 10 и 25 километри. Очекуваме над 300 пливачи од повеќе од 40 земји. Веќе имаме почнато преговори со хотелите кои ќе треба да ги сместат натпреварувачите во тој период. Имаме направено проекција на сите детали кои треба да се случуваат пред и за време на Европското првенство“.
 
Покрај овој настан, Пливачката федерација на Македонија најверојатно ќе биде организатор и на Централно европското кадетско првенство во пливање кое во декември оваа годинатреба да се одржи во Скопје. Потврдата за организација на овој настан треба да биде добиена на почетокот од следниот месец.
 
„Организацијата на овие два големи настани е и благодарение на личното искреното и професионално пријателство со претседателот на ЛЕН, Паоло Барели и претседателот на Балканските федерации, Димитрис Саракацинас“, додава Маленко.

За прв пат имаме постапки за амнестија кои не се водат по службена должност (ex officio), туку по приватна иницијатива на засегнатите странки (ex privata).

повеќе

Причината за загриженост не е дали ЕУ успева да создаде функционални и стабилни земји или не, туку тоа што ангажманот на ЕУ во регионот води кон губење на кредибилитетот на Унијата како меѓународен актер и кон неуспех на нејзината Заедничка надворешна и безбедносна политика.

повеќе

Зошто егзистирањето на Северна Македонија „во духот на Преспанскиот договор“ ќе значи фактичко постоење на една орвеловска држава?

повеќе