Новиот претседател на ПФМ ги презентираше плановите

Маленко: Новогодишен подарок за пливачите ќе биде одблокирањето на сметката на федерацијата

Новиот претседател на Пливачката федерација на Македонија, Александар Маленко на прес конференција ги презентираше неговите планови за развој на пливањето.

Александар Маленко на средба со новинарите говореше за активностите на Пливачката федерација кои ќе следат со цел за подобри денови на овој спорт во Македонија.
 
„Пливачката федерација на Македонија доби професионално раководство, во согласност со нашата програма ќе бидеме отворени за сите, пред се за пливачите. Прва цел е професионализација на сите органи и тела на федерацијата, функционалност на секоја комисија, УО, донесување на одлуки кои ќе стапат веднаш на сила и се во интерес на пливачите и клубовите како и обезбедување на нормални услови за тренинг на репрезентативците“ - изјави Маленко.
 
„Новогодишен подарок за сите нас, поранешни пливачи, актуелни пливачи ќе биде одблокирањето на сметката која повеќе години не функционира. Имавме разговори со некои субјекти на оваа тема и како новогодишен подарок ќе го решиме овој проблем“.
 
„Нашата програма за два олимписки спорта, пливањето и далечинското пливање, т.е. Маратонот се направени усогласени со календарот на ФИНА и очекуваме соработка преку спортски дијалог и преку имплементација на средствата кои следат согласно програмата да ги исполнат институциите, а нормално и ние како пливачка федерација. ПФМ како ко-партнер со државата, која има планирано изградба на пливачки базени, а само еден е во фаза на изградба веќе три години и очекувам идната година тој базен да биде отворен како четврти во Македонија. Ние како држава моментно имаме три затворени базени и условите во сега не налагаат да очекуваме било што во моментов. Би сакал до 2024 година да имаме од постоечките три базени, уште четири во различни градови пред се и уште шест минимум школски базени, кои што би биле за задолжителна настава и развој на дечиња и преку тие школи за пливање да се откријат таленти. Таквите школски базени се основа за здрава младина и за пронаоѓање на таленти“, истакна претседателот на Пливачката федерација на Македонија. Тој додаде дека државното првенство ќе биде настан од значаен карактер, дека ја имаат програмата за сите клубови со настани до декември 2018 година и дека за прв пат во Македонија ќе има државни првенства за пионери кадети, две летни и две зимски првенства. 
 
Предвидената програма е поделена на далечинско и олимписко пливање. Македонија за прв пат ќе добие четири пливачки маратони како националното првенство во далечинско пливање на 2,5 и 5 километри за деца и повозрасни до 16 години, Охридскиот маратон ќе се одржи на највисоко ниво, олимписки пливачки маратон на 10 километри, пет километри пливање за квалификации на Европско и Светско првенство и 2,5 километарски маратон за деца до 16 години и Македонија ќе биде домаќин на Централното европско првенство за кадети. Во ПФМ ќе се воспостават сертификати за тренери, судии и делегати согласно меѓународната соработка со Светската пливачка федерација и ќе се ревидираат стипендиите за млади надежни пливачи во склоп на правилниците на Пливачката федерација на Македонија.
 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе