Апсурдните приоритети на СРЦ „Борис Трајковски“

Маленко до новинарите: Може ли да ни ги позајмите картичките за и ние пливачите бесплатно да пливаме во базенот „Карпош“

Претседателот на ПФМ, Александар Маленко ја потенцираше апсурдната одлука на СРЦ „Борис Трајковски“, глумците и новинарите да имаат пропусници за бесплатно пливање, а таква привилегија да немаат репрезентативците во пливање.

На прес конференцијата по повод шест месеци работа на пливачката федерација откако претседател е Александар Маленко, тој потенцираше и дел од проблемите со кои се соочуваат македонските репрезентативци.
 
„Базенот Карпош е сопственост на Владата, сопственост на Република Македонија. Вие сте новинари, може ли да се смениме ние пливачите и тренерите со вас бидејќи вие сте имале прекрасни услови со СРЦ „Борис Трајковски“. Дали е можно да се смениме, да ни ги дадете бесплатните членски карти од „Борис Трајковски“ бидејќи ние плаќаме за да пливаме“, вели претседателот на ПФМ, Александар Маленко.
 
„Има изјава во медиуми дека од државен интерес е во СРЦ „Борис Трајковски“, базен Карпош новинарите и глумците да си се бањаат рекреативно, а не е државен интерес репрезентативци со исполнети критериуми бесплатно да го користат базенот во спортските термини. Дејноста на базенот Карпош е пливање, а репрезентативците не можат бесплатно да пливаат во спортските теремини од 7 до 10 и од 16 до 19 часот. Па ако може да ни ги позајмите картичките или да договориме со вас поевтина цена за компензација за да можеме да ги намалиме трошоците за пливање“.
 
Новинарите и глумците имаа договор со СРЦ „Борис Трајковски“ за бесплатно користење на услугите на спортскиот центар каде е и базенот „Карпош“. Таква привилегија немаат репрезентативците во пливање. Тие сметаат дека државата најмалку што треба да направи за нив е да им овозможи бесплатно пливање само во спортските термини.
 

Новинарите на хрватски ТРИС се приклучија во патувачкиот новинарски карван до земјата без име.

повеќе

Лидерството на опозициската ВМРО-ДПМНЕ мора да излезе јавно, на прес конференција, заедно со сите пратеници, и да објават прекин на секакво понатамошно учество во дискусија на собраниската седница.

повеќе

Според Агенцијата за вработување, најмногу невработени има меѓу дипломираните правници, економисти, професори по одделенска настава на македонски и албански јазик и социјални работници. 

повеќе