Александар Маленко го демантира написот на МКД.мк дека има условна казна затвор од три месеци, во меѓувреме тој поднел приговор на одлуката која е прифатена од страна на судот, предметот е вратен во правобитна постапка со главна расправа на 5.2.2021.
Демантот на Маленко ви го пренесуваме во целост:
„Најостро го демантираме вашиот напис (03.12.2020) кој се базира на груби невистини, лаги и клевети кон нашиот претседател Александар Маленко и нас - Пливачка федерација на Северна Македонија, како единствена легална институција надлежна во нашата држава и нејзин единствен признат репрезент во светот.
Во прилог на нашиот демант ви доставуваме и усвоен приговор (со комплетна документација, писмени докази, како и листа на сведоци и носители на државни функции надлежни за овој спор) од страна на надележен суд и судија кој е во целост прифатен, а со тоа пресудата е укината. Предметот е вратен во првобитна постапка со главна расправа закажана уредно од страна на судот на 5.02.2021 со почеток од 9:30, при надележен суд во судница 8“.
Во приговорот Маленко негира дека се претставувал лажно во име на Пливачката федерација, вели дека не е точно дека спортистот и тренерот не настапиле на КОМЕН Купот во Бугарија. Како докази поднесува писмена потврда за претседател на ПФСМ од ФИНА, МОК и КОМЕН. Како сведоци ги посочува генералниот секретар на ПФСМ, генералниот секретар на МОК, спортскиот дириектор на МОК, претседателот на МОК, потпретседателот на ПФСМ, Стручен Совет на ПФСМ.

