Формула 1

Макс Верстапен остана верен, Ред Бул го направи Холанѓанецот третиот најплатен возач

Макс Верстапен ја продолжи соработката со Ред Бул, Холанѓанецот денеска стави потпис на договор до 2023 година, медиумите шпекулираат дека тој ќе стане третиот најплатен возач со 12 милиони фунти (нешто над 14 милиони евра) по сезона.

Доколку Луис Хамилтон се реши за авантура во Ферари, Мерцедес ќе има една опција помалку за замена на Британецот. Макс Верстапен, кој беше под договор со Ред Бул до 2020, реши да остане верен и да ја продолжи соработката со „биковите“ до крајот на 2023 година.

Детали од новиот договор не беа обелоденети, но медиумите пишуваат дека тој во иднина ќе има плата од 12 милиони фунти (нешто над 14 милиони евра) по сезона и ќе биде третиот најплатен возач.

Поголема плата од 22 годишниот Макс Верстапен ќе имаат само Луис Хамилтон и Себастијан Фетел.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе