ФЕД Куп

Македонските тенисерки со убедлива победа над Конго го почнаа ФЕД купот!

Женската тениска репрезентација на Македонија со вкупни 3-0 го победија Конго на ФЕД купот во Финска.

Победите ги почна Магдалена Стоилковска која со 6-2 и 6-3 ја совлада Глори Мфумангана, во вториот меч Лина Ѓорческа со само еден загубен гејм славеше над Виктори Мфумангана, 6-0 и 6-1.
 
Лесно беше и во мечот во двојки каде Ѓорческа и Столиковска ги победија Глори и Виктори со 6-4 и 6-0.
 
Нашите девојки утре, во второто коло играат против селекцијата на Косово.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе