Зимски олимписки игри

Македонските спортисти се подготвени за ЗОИ, Ставре Јада ќе биде знаменосец

Денеска во просториите на Македонскиот олимписки комитет се одржа церемонијата на свечено испраќање на спористите кои ќе настапат на 23. Зимски олимписки игри кои ќе се оддржат во Пјонгчанг.

На Олимписките игри во Пјонгчанг, Македонија ќе ја претставуваат тројца спортисти:
 
- Антонио Ристевски – Алпско скијање / дисциплини: слалом и велеслалом (освоена А норма)
- Ставре Јада – Крос кантри / дисциплини: спринт и 15 км. (освоена А норма)
- Викторија Тодоровска – Крос кантри / дисциплина 10 км/.
 
Македонското знаме на отварањето на Олимписките игри ќе го носи олимпиецот Ставре Јада.
 
Официјални лица кои ќе бидат дел од Олимписката делегација се Иван Лесевски (тренер), Ѓоко Диневски (тренер), Владимир Пановски (тим лидер), д-р Небојша Настов (доктор-Претседател на Здравствената комисија на МОК), Владимир Богоевски ( МОК спортски директор) и Сашо Поповски кој ќе биде водач на Олимписката делегација на Македонскиот олимписки комитет.
 
Македонската олимписка делегација на 7. февруари ќе замине за ПјонгЧанг.

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе

Брзата храна и газираните пијалоци се водечки причинители на прекумерна телесна тежина, која пак значително го намалува нашиот животен век и квалитет на живот.

повеќе

Процесот на проверка не треба да почне од правосудниот систем, туку од извршните претставници и членовите на парламентот, и тоа не само оние кои се на власт денес, туку и оние кои со години ја водеа земјата.

повеќе