ЕП во пливање Копенхаген 2017

Македонските пливачи подготвени за Европското првенство во пливање во Копенхаген

Македонија со четири пливачи ќе земе учество на Европското првенство во пливање во Копенхаген кое ќе се оддржи од 13. до17. декември. 

Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија во соработка со Пливачката федерација на Македонија ќе го подржи учеството на пливачите Ана Јаневска, Љупчо Ангеловски, Миа Крстева, Давор Петровски и Методија Ангелески во нивното учество на ЛЕН Европското првенство во кратко пливање кое ќе се одржи во Копенхаген, Данска, во Кралската Арена.
 
„Горд сум што можам да кажам дека 4 наши пливачи ќе учествуваат на ова Европско првенство во пливање. Уверен и убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на Македонија. Можам да констатирам дека во минатиот период пливањето се соочуваше со една тешка ситуација за која сум убеден дека во иднина ќе се реши и се надевам дека ќе има големи промени во пливањето и дека пливањето ќе блесне во оној сјај во кој што треба да биде. Се надевам дека пливањето ќе биде една од најуспешните приказни во периодот кој следи. Воедно, тоа ни е еден од топ приоритетите во однос на работењето на Агенцијата за млади и спорт во кои ќе ни биде и градењето на базени. Проект кој ќе се случи во текот на 2018-та и 2019-та година. Како дополнување на тоа ќе имаме и програма која ќе ги следи сите оние подготовки и припреми на нашите пливачи со цел што е можно подобар пласман и освојување на норма за учество на олимпијадата во Токио во 2020-та година. Им посакувам многу успех и многу среќа и достоинствено да ги одбранат боите на Република Македонија.“, порача Дарко Каевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
 
„Благодарност до Агенцијата која што направи напор и најде разбирање да ја прифати заедничката програма која ќе биде еден почеток на светлата иднина на пливањето во Македонија. Јас како претседател на Пливачката федерација на Република Македонија сум горд и сигурен во четирите пливачи и нивните тренери дека покрај сѐ ќе нѐ претстават достојно, пред сѐ и самите себе, и ќе испливаат најдобри резултати. Нека биде ова еден почеток на пливачкиот професионализам.“, истакна Александар Маленко, претседател на Пливачката федерација на Македонија. Тој додаде дека додатно ќе се развива и државното првенство со цел да се зацврстат чекорите кои сега ги преземаат.
 
На ЛЕН Европското првенство во кратко пливање, кое ќе се одржи од 13-ти до 17-ти декември, ќе учествуваат околу 700 пливачи од 45 држави и тие ќе треба да се натпреваруваат во 40 настани. Ова првенство е првиот спортски настан кој некогаш се одржал во Кралската Арена во Копенхаген.
 

На Водно навистина не му треба сега и жичарница нова да се гради.

повеќе

Неконтролираниот политички развој, кој создаде пет парламентарни партии на етничките Албанци, ја прави нестабилна политичката ситуација не само кај aлбанскиот блок, туку и на ниво на државата. 

повеќе

Програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018-2021 се носи во екс-пост заробена држава каде тензиите помеѓу администрацијата, економските агенти, клиентите и општеството се големи.

повеќе