Сребрена лига

Македонските одбојкари со убедлива победа над БиХ ја почнаа Сребрената лига

Македонските одбојкари полесно од очекувањата го добија дуелот со Босна и Херцеговина на стартот од новата сезона во Сребрената лига, мечот се играше во салата „Борис Трајковски“. 

Фото: ОФМ
Македонија одигра убедлив меч, победи лесно со 3-0 во сетови, а противникот пружи отпор само во третио сет.
 
Нашата репрезентација првиот сет го доби со 25-16, вториот со 25-17, а третиот со 25-23.
 
Ова беше деби на новиот селектор на Македонија, Ратко Павличевиќ и тоа против нашиот поранешен селектор, Драган Николиќ кој сега ја предводи селекцијата на БиХ.
 
Во вториот меч од нашата група Романија со 3-1 ја победи Албанија.
 
Македонија во сабота гостува на Романија, а на 1 јуни ја пречекуваме Албанија.

Легенда под Главна слика

Фото: ОФМ

Кој кого „мафлосува“, тие нас или ние нив. Чекор напред, три назад, како раковите во Охридското Езеро од моето детство кои исчезнаа во налетот на технолошкиот напредок и уништувањето на животната средина.

повеќе

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе