Уште еден голем успех на македонската одбојка

Македонските одбојкари ја победија Турција и се пласираа на Европско првенство!

Втор пат по ред Македонија ќе учествува на Европско првенство во одбојка, пласманот го заверивме со победа над Турција од 3-1, македонските одбојкари одиграа фантастичен меч. 

Одбојкарите ни донесоа радост вечерва, го добија вториот меч со Турција и со три победи и еден пораз во квалификациите се пласираа на Европското првенство кое ќе се одржи во Финска, Естонија, Полска и Чешка.
 
Македонија одлично го почна мечот, го добивме првиот сет со 25:19, но Турците вратија во вториот со 25:21.
 
Нашите момци го добија третиот сет со 25:23, а четвртиот во кој требаше да ја завериме победата го одигравме најдобро, го добивме со 25:18 и остваривме победа со која одиме на континенталниот собир.
 
Брилијантна партија имаше Александар Љафтов кој забележа 23 поени, ова можеби беше и негов меч на кариерата за Македонија, капитенот Никола Ѓорѓиев имаше 24 поени.
 
Македонија квалификациите ги заврши на второто место со ист број на бодови како и Турција но имаме еден загубен сет повеќе. Сепак на Европско првенство одиме како една од петте најдобри второпласирани селекции од седумте групи.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе