Прва победа во подготовките за ЕП 2019

Македонските одбојкари ја победија Шведска во пет сета

Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа првата победа во подготвителниот период откако ја совлада Шведска со 3-2 во сетови.

Македонските одбојкари потешко од очекувањата ја победија селекцијата на Шведска. Со многу осцилации во текот на играта успеаа да го добијат пријателскиот меч.
 
Првиот сет беше лош, го загубивме со 25:18, но во продолжението избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ го кренаа нивото, го добија вториот сет со 25:21, а во третиот победија со фантастични 25:11.
 
Но следуваше несфатлив пад во четвртиот сет кој го загубивме со 25:14. Во решавачкиот петти сет бевме подобри со 16:14 за триумф од 3-2.
 
Во недела играме уште еден пријателски меч со Шведска.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе