Европско првенство 2019

Македонските одбојкари го почнуваат настапот на Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација денеска го почнува својот премиерен настап на Европските првенства, прв противник е селекцијата на Финска.

Денеска со почеток од 17:30 часот Македонија ќе дебитира на Европските одбојкарски првенства. Првиот противник е селекцијата на Финска со која можеме да се носиме.
 
Македонија ја искористи одлуката Европските првенства во одбојка да бидат проширени на 24 селекции и се избори за настап на континенталниот собир.
 
На хартија ние сме аутсајдери на шампионатот, но македонските одбојкари ќе направат се за дојстојно да го презентираат дресот на Македонија остварувајќи што е можно подобар пласман.
 
Прв противник ни е селекцијата на Финска, таа е фаворит против нас, но е во очајна серија, има 15 порази едно по друго. Тие се надеваат дека против Македонија ќе го прекинат црниот од, а ние посакуваме да им ја продолжиме таа лоша низа.
 
Македонија своите натпревари ги игра во Љубљана, покрај Финска во нашата група се и Белорусија, Русија, Турција и домаќинот Словенија. Првите четири репрезентации се пласираат во осминафиналето.
 
Распоред на натпреварите на Македонија:
 
12.09 Македонија - Финска 17:30
13.09 Македонија - Турција 17:30
14.09 Македонија - Русија 17:30
16.09 Македонија - Белорусија 20:30
17.09 Македонија - Словенија 17:30
 
Натпреварите од Европското првенство ќе бидат пренесувани на Македонската радио телевизија.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе