Откако две недели беа заглавени во Лондон

Македонските боксери конечно се вратија во Скопје

Македонските боксери Гоце Јанески и Јасин Љама кој во средината на март учествуваа на олимпискиот квалификациски турнир во Лондон, упсеаа дури денеска да се вратат дома. 

Пред две недели Јанески и Љама ја претставуваа Македонија на квалификацискиот турнир за пласман на Олимпијадата во Токио, а поради актуелната ситуација со коронавирусот имаа проблем веднаш да се вратат во Скопје.
 
Двајцата во изминатите денови престојуваа во Лондон, а денеска преку Бугарија пристигнаа во Македонија. 
 
Тие веднаш биле сместени во задолжителен карантин во Скопје каде што ќе останат во наредните 14 дена.
 
„Боксерската федерација на Македнија изразува голема благодарност до сите вработени во Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија за помошта, која ни ја дадоа за да ги вратиме Јасин Љама и Гоце Јанески дома. Исто така, голема благодарност до организатортие на турнирот во Лондон, кои максимално се ангажираа за нашите боксери да ги имаат неопходните услови за пријатен престој“, соопштија од федерацијата.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе