Специјални олимписки игри Абу Даби 2019

Македонија со сребрен медал на Јулијана Петровска во танц го заврши настапот на Специјалните олимписки игри

Македонија со осум медали се враќа од Специјалните олимписки игри во Абу Даби, последниот е дело на Јулијана Петровска која го освои второто место во танц.

Од оваа година танцувањето стана олимписка дисциплина, а на дебито на овој спорт во Абу Даби медал освои нашата Јулијана Петровска.
 
Таа со нејзината професорка по танц, Евгенија Трифуновска од танцовиот клуб Сонриса, го освоија сребрениот медал во латино танци.
 
Македонија од Специјалните игри во Абу Даби си заминува со осум освоени медали. 
 
Синоќа пливачот Марио Мицковски освои злато во дисциплината 25 метри грбно, претходно тој и Стефан Трпковски се закитија со злато и во трката на 50 метри слободно.
 
Атлетичарот Ардијан Шабани освои сребро во трката на 25 метри и бронза на 50 метри. Сара Дураку беше бронзена во трката на 100 метри.
 
Во екипен спорт, кошаркарската репрезентација на Македонија го освои бронзениот медал.
 
Специјалната олимпијада се затвора денеска, таа е најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата на која оваа година учествуваа преку 7000 натпреварувачи од 190 земји и се натпреваруваа во 24 спортови.
 

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе