ЕП 2021

Македонија со пораз од Финска го почна настапот на Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација загуби со 3-1 од домаќинот Финска во првиот натпревар на Европското првенство. 

Македонските одбојкари денеска го почнаа настапот на Европското првенство, нашите натпревари ги играме во Тампере, Финска, а првиот меч го игравме против домаќинот.
 
Финска одлично го почна мечот, првиот сет го доби со 25-20, а во вториот беше уште поубедливива, го загубивме сетот со 25-15.
 
Но кога противникот мислеше дека лесно ќе не докрајчи, Македонија конечно заигра како што треба и го доби третиот сет со 26-24. Се вративме во игра.
 
Во четвртиот период и двете селекции имаа осцилации во играта, помалку такви падови имаше Финска, го доби сетот со 25-22 и победи со 3-1.
 
Следниот натпревар на Македонија е во петок со почеток од 19 часот против селекцијата на Холандија.

Tреба да ја прифатиме технологијата, наместо да се плашиме од неа, а и игрите се дел од тој процес. 

повеќе

Moжно ли е стотици кандидати за градоначалници три недели да ветуваат, а никој да не каже од каде средства за таа намена т.е. никој да не го спомене зборот децентрализација кој претставува клуч за било какво ветување?

повеќе

Капиталното дело на Танас Вражиновски „Македонска народна митологија“, упатува на потребата нашата наука постојано да се враќа на извориштата на македонската култура и писменост, создавани од светите браќа Кирил и Методиј и од нивните ученици и следбеници, светите Климент и Наум Охридски. 

повеќе