Сребрена лига

Македонија по голема борба загуби од Романија

Македонските одбојкари со 3-2 (25-22, 25-17, 23-25, 19-25, 15-13) загубија на гостувањето кај Романија во второто коло од Европската сребрена лига. 

Македонија одигра крајно возбудлив меч против Романија, малку фалеше да победиме со епски пресврт, за жал тоа не се случи.
 
Откако ги загубивме првите два сета, го кренавме нивото на игра и почнавме да се враќаме. Третиот сет го добивме со 25-23, четвртиот со 25-19 и го однесовме мечот во петти решавачки сет. Во тој имавме предност од 8-6, но Романците го свртеа и го добија со 15-13.
 
Следниот меч го играме на 1 јуни на домашен терен против Албанија.

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе