Европско првенство 2019

Македонија не разочара, но загуби од Финска на стартот од Европското првенство

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз од 3-1 (25:23, 25:22, 23:25, 25:21) од Финска го стартуваше својот деби настап на Европските првенства. 

Македонија го одигра првиот, историски натпревар на европските одбојкарски првенства, за жал го загубивме. Искуството и поширокиот ростер на квалитетни одбојкари пресуди за победникот.
 
Македонските одбојкари и покрај поразот се прикажаа во сосема солидно издание од кое можеме да бидеме задоволни.
 
Во првиот сет имавме предност од 20:16, но Финска успеа да го сврти мечот и да го добие сетот со 25:23, поведе со 1-0. Неизвесно беше и во вториот сет, но на крајот и тој им припадна на Финците, овој пат со 25:22.
 
Во третиот сет Македонија беше доминантна иако на крајот можевме од готово да направиме вересија, сепак нашите одбојкари беа поумешни и го добивме првиот сет на европските првенства, 25:23.
 
Во третиот сет дојде до израз искуството на Финска, заморот кај македонските одбојкари влијаеше на концентрацијата, не бевме на нивото на претходните сетови, го загубивме со 25:21 и противникот заслужено победи со 3-1.
 
Ристо Николов пријатно изненади, тој, капитенот Никола Ѓорѓиев и Љафтов го завршија мечот со по 14 поени, Манџуков имаше 12, Милев 10.
 
Утре во истиот термин Македонија ќе игра со Турција која денеска загуби од Русија со 3-1 во сетови.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе