Зависи од резултатот во последниот денешен меч

Македонија може уште вечерва да слави осминафинале

Македонската одбојкарска репрезентација ја победи Словенија со 3-1, но сè уште не сме пласнирани во осминафиналето, сега нашата судбина е во други раце.

Македонија го направи своето, победи на два натпревари, особено голем триумф беше денешниот против домаќинот Словенија. Сега сме многу блиску до осминафиналето, но сè уште не сме таму.
 
А можеме да се пласираме уште денеска, иако веројатноста за тоа не е голема. Ако во вечерашниот меч Белорусија ја совлада Турција, ние го добиваме билетот за осминафинале. Зад нас ќе останат Турција и Финска без разлика на резултатот од нивниот утрешен меч.
 
Ако Турција ја победи Белорусија, нашата судбина ќе се решава утре. Турците ќе треба утре да ја победат и Финска за ние да одиме во осминафиналето.

И покрај тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп, американската разузнавачка заедница веќе долго време ја смета појавата на пандемии како една од најголемите закани.

повеќе

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе