Голф

Македонија ќе учествува на европски голф турнир во Литванија

Тимот на македонската голф репрезентација на 31 јули во Вилнус Литванија ќе учествува на голф турнир во организација на Eвропската голф асоцијација (EГА).

Нашиот тим го предводи капитенот Димитар Георгиев кои заедно со Илија Остојчиќ, Игор Стоименов и Наум Јанакиев на овој турнир ќе се обидат да ја темпираат формата пред државното првенство „Мацедониан опен" што година ќе се одржи од 23 до 25 август во Банско.
 
Македонската голф федерација се надева дека нашите голфери во Вилнус ќе ја претстават нашата земја на најдобар можен начин и дека овој турнир е одлична можност играчите да ја подигнат формата за претстојното државно првенство во Македонија.
 
Оваа година 11 нови земји во светот на голфот ќе учествуваат на овој спортски настан. Македонија е во група со Ерменија, Грција, Кипар, Грузија, Латвија, Азербејџан, Лихтештајн, Латвија, Малта, Романија и домаќинот Литванија.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе