Одлична вест за македонската одбојка

Македонија ќе биде еден од домаќините на ЕП 2023 во одбојка!

Македонската репрезентација во одбојка ќе врзе настап на три Европски првенства по ред бидејќи ја добивме организацијата на една од групите за ЕП 2023. 

Македонија ја доби честа да организира една од групите на Европското одбојкарско првенство во 2023 година.
 
Добрата вест за одлуката на ЦЕВ да ја прифати апликацијата на ОФМ, на премиерот Зоран Заев и на челниците на македонската одбојка лично им ја соопшти првиот човек на Европската одбојкарска конфедерација Александар Боричиќ. 
 
„Сега кога Владата ја поддржува организацијата на големите европски настани според највисоки стандарди, а тоа се однесува на Европската сребрена лига 2021, на Европското првенство за одбојкарки до 19 години во 2022, како и на една група од сениорското машко Европско првенство во 2023, можам да кажам дека Одбојкарската федерација на Северна Македонија им се доближи на најдобрите организатори на големите одбојкарски настани во Европа“, рече Боричиќ.
 
„Силно го поздравуваме лидерството на Одбојкарската федерација на Македонија предводена од Петар Јовановски за активното учество во европската конфедерација. Со помош на Владата, тие успеаја да ја направат Федерацијата пофункционална, да го зголемат капацитетот за организирање врвни настани и да овозможат подобри резултати за своите спортисти“, изјави претседателот на ЦЕВ по средбата со премиерот Заев.
 
Премиерот Заев вели дека за него задоволството е уште поголемо бидејќи голем дел од одбојкарите се од неговиот град, Струмица.
 
„Се радувам за ваквата чест добиена од ЦЕВ. Ја изразувам силната поддршка за одбојкарскиот спорт којшто во последните неколку години забележува одлични резултати на меѓународен план. За мене задоволството е уште поголемо затоа што голем дел од одбојкарските репрезентативци се од мојот град Струмица“, рече македонскиот премиер Заев.
 

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе