Квалификации за ЕП 2021

Македонија ќе биде домаќин на квалификациски турнир за ЕП 2021 во одбојка

ЦЕВ денеска го престави новиот формат на квалификациите за Европското првенство во 2021 година, Македонија во јануари ќе биде домаќин на еден од двата турнири за пласман на континенталниот собир.

Пандемијата на коронавирус не само што ги одложи квалификациите, го промени и форматот. Наместо првично планираните средби дома - гости со сите селекции во групата, ќе бидат одиграни два квалификациски турнири.
 
Македонија ќе биде домаќин на вториот турнир, кој ќе се одигра во периодот од 14 до 17. јанаури следната година.
 
Претходно, одбојкарите ќе играат турнир во Данска од 7 до 10. јанаури. Во групата со Македонија и со Данска уште се и репрезентациите на Турција и Босна и Херцеговина.
 
Пласман на Европското првенство ќе обезбедат првопласираните селекции, како и најдобрите пет второпласирани од седумте квалификациски групи.
 

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе