ЕП 2019

Македонија ја доби групата за Европското првенство, ќе играме во Словенија

Македонските одбојкари ја добија групата за Европското првенство, судбината сакаше да се паднеме со актуелниот шампион Русија, а ќе играме во Словенија која е еден од четирите домаќини.

Македонија ќе игра во Групата Ц заедно со домаќинот Словенија, актуелниот европски шампион Русија, Финска, Турција и Белорусија.
 
Група А: Франција, Италија, Бугарија, Португалија, Грција, Романија
Група Б: Белгија, Србија, Германија, Словачка, Шпанија, Австрија.
Група Ц: Словенија, Русија, Финска, Турција, Македонија, Белорусија
Група Д: Холандија, Полска, Чешка, Естонија, Украина, Црна Гора
 
Европското првенство почнува на 13 септември и ќе трае до 29 септември. За прв пат континенталниот шампионат ќе се игра со 24 тимови и за прв пат четири држави ќе бидат домаќини. Покрај во Словенија, првенството ќе се одржува и во Франција, Белгија и Холандија.

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе