Најголема победа во нашата одбојкарска историја

Македонија има нови херои, одбојкарите ја победија и Словенија!

Македонските одбојкари ја победија Словенија, најголем триумф во историјата на нашата одбојка, победен е домаќинот на Европското првенство со 3-1, блиску сме до осминафинале.

Македонија има нови херои, македонските одбојкари одиграа фантастичен меч и ја победија силната селекција на Словенија, втор триумф по ред, но се уште не сме во осминафиналето.
 
Вчерашната победа над Белорусија ја врати насмевката кај нашите одбојкари, го зголеми оптимизмот дека можеме да одиграме на врвно ниво и да го победиме домаќинот, тоа и се случи. Словенија на Европското првенство влезе како кандидат за медал, но падна на колена пред нашата репрезентација.
 
Дека имаме сила за голема партија најавивме уште во првиот сет, во него водевме цело време, Словенците немаа предност во ниту еден момент, на крајот го добивме со 26:24. Поведовме со 1-0 но се уште ретко кој веруваше во победа.
 
Во вториот сет Словенија водеше во најголемиот дел, но финишот им припадна на Македонците, нашите одбојкари го свртеа мечот, по голема борба го добивме сетот со 30:28 и поведовме со 2-0.
 
Третиот сет го добија Словенците со убедливи 25:19 и најавија враќање но тоа не се случи. Во четвртиот сет домаќините исто така водеа во најголемиот дел, но финишот повторно беше на Македонија за добиен сет со 26:24 и огромна победа од 3-1 во сетови.
 
Никола Ѓорѓиев мечот го заврши со 24 поени, Љафтов имаше 18.
 
Македонија со оваа победа се уште не е во осминафинале, но е многу блиску до остварување на таа цел.
 
 
 

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе