Огромен успех на нашиот борец

Македонецот Волкановски во УФЦ победи легенда, следно е меч за титула! (ВИДЕО)

Австралискиот борец со македонско потекло, Алекс Волкановски го победи легендарниот Хозе Алдо на поени во УФЦ 237 и следен противник веројатно ќе му биде Макс Холовеј кој е актуелниот шампион.

Алекс Волкановски продолжува да реди успеси во УФЦ, овој пат го направи најголемиот во неговата кариера. Го победи Хозе Алдо кој според многумина е најдобар на сите времиња во оваа категорија.
 
Волкановски мечот го доби тактички, на поени со едногласна одлука на судиите (30-27, 30-27, 30-27).
 
Нашиот Волкановски е само трет борец кој го победил Хозе Алдо, претходно тоа го сториле само уште Конор МекГрегор и Макс Холовеј (два пати).
 
„Хеј, јас сум следен на редот за титулата, сто проценти. Јас сум единствениот кој е непоразен во топ три сега. Би требало да бидам рангиран како најдобар“, изјави Волкановски по мечот.
 
Макс Холовеј во моментов го има шампионскиот појас, Алекс Волкановски треба да биде следниот предизвикувач за титулата иако се уште не е официјално.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе