Бокс

Мајк Тајсон на 12. септември се враќа во рингот (ВИДЕО)

Легендарниот Мајк Тајсон на 12 септември ќе влезе во рингот на егзибициски бокс меч против поранешниот шампион во тешка категорија Рој Џонс јуниор. 

Мечот меѓу Мајк Тајсон и Рој Џонс јуниор ќе се одржи во Лос Анџелес, Калифорнија и ќе трае осум рунди.
 
Последниот професионален меч на 54-годишниот Мајк Тајсон беше во 2005 година кога загуби од Ирецот Кевин Мекбрајд, што беше неговиот шести пораз во 58 меча во кариерата.
 
51-годишниот Рој Џонс јуниор последен пат боксувал во февруари 2018 година кога го победи Скот Сигмон.
 
Тајсон кој е најмладиот шампион во тешка категорија кога со 20 години го нокаутираше Тревор Бербик во 1986, во последно време на социјалните мрежи често објавуваше видеа како се подготвува. Тој е во одлична форма со оглед на годините.
 
 

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе