Ден без никакви возбудувања

Маглата ги откажа петочните тренинзи во Нирбургринг, синот на Шумахер ќе почека за дебито во Формула 1

ГН на Ајфел започна со многу проблеми, маглата ги откажа петочните тренинзи во Нирбургринг па возачите со малку информации утре ќе ги возат квалификациите.

По седум години пауза, Нирбургринг се врати на календарот во Формула 1, но возачите денеска не излегоа на патеката. Маглата им направи проблеми, медицинскиот хеликоптер не можеше да полета па беа откажани и првиот и вториот слободен тренинг. 

Ваквиот развој на настаните носи многу прашалници кај возачите во пресрет на утрешните квалификации, а особено разочара двајца.

Еден од нив е Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер. Младиот Германец требаше да седне зад воланот на Алфа Ромео, но сега ќе треба да чека друг викенд за деби во Формула 1.

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе