Сака да се испроба и во Холивуд

Луис Хамилтон чека повик од Кијану Ривс за Џон Вик 4, Британецот растура со пиштол и јуришна пушка (ВИДЕО)

Луис Хамилтон сака да стане филмска ѕвезда, возачот на Мерцедес на социјалните мрежи се пофали дека учи како да стрела со огнено оружје и дека прилично добро ракува со пиштол и јуришна пушка.

Луис Хамилтон сака да се испроба во Холивуд, шампионот во Формула 1 на Инстаграм се пофали дека тренира да стане филмска ѕвезда. Британецот постираше видеа од стрлиште на кое легендарниот глумец Кијану Ривс се подготвувал за филмската франшиза Џон Вик.

Возачот на Мерцедес покажа дека прилично добро ракува со пиштол и јуришна пушка и порача дека чека повик за улога во новото продолжение на Џони Вик.

„Возбуден сум што можам да ви покажам на што почнав да работам. Секогаш сум ги сакал акционите филмови и сонував дека еден ден ќе глумам во филм. Тука Кијану Ривс тренира за филмовите Џон Вик, па дојдов тука да почнам да тренирам за мојата прва улога. Ова е само ден број 1, си поминав супер во безбедна и професионална околина. Кијану барај ме, подготвен сум“– гласеше првиот пост на кој Британецот со пиштол погодува мети по претходно договорен редослед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Lewis Hamilton (@lewishamilton) onJan 12, 2020 at 12:17pm PST

„Морав да го постирам и ова, се уште чекам повик од Кијану за улога во Џон Вик 4“ – беше пораката во вториот пост на кои Луис Хамилтон користи јуришна пушка.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе