Синоќа имаше операција за да санира фрактура на раката

Лудост или храброст? Маркез сака да вози во недела во Херез!

Марк Маркез сака да вози овој викенд на втората трка од Мото ГП шампионатот и покрај тоа што синоќа имаше операција за да се санира фрактурата на горниот дел од десната рака.

Актуелниот шампион имаше тежок пад на првата трка, се стравуваше дека може да паузира со месеци, но помина без оштетување на нервот и треба да паузира неколку недели. 

Медиумите пишуваа дека виси неговиот настап во Брно и ГН на Чешка која е на програмата на 9. август, но последните информации велат дека Марк Маркез може да се врати веќе овој викенд.

Тој е свесен дека секој бод може да биде клучен во битката за титулата, па е подготвен да стисне заби и да вози во недела во Херез и покрај тоа што синоќа имаше операција за да се санира фрактурата на горниот дел од десната рака. 

Извештаите велат дека пред да почне операцијата, Марк Маркез прашал: „Дали ќе можам да возам во недела?“

Докторите му одговориле НЕ и строго му забраниле толку брзо да се врати на моторот, но тој има други планови. Идејата е да вози што помалку, да се појави само на слободниот тренинг број 3 и да постави добро време за влез во главните квалификации.

Ваква лудост или храброст, е видена и претходно. Хорхе Лоренцо во 2013 заработи фрактура на клучната коска во четврток, веднаш отпатува за Барселона и беше оперира, за во петок попладне се врати во Холандија. Шпанецот ви сабота настапи во Асен и финишираше како петти.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе