Формула 1

Луда трка во Бразил, Фетел и Леклер се судрија, Верстапен победи, Гасли рамо до рамо со Хaмилтон мина втор низ целта

ГН на Бразил донесе луда трка, Макс Верстапен сосема заслужено победи, Пјер Гасли го издржа налетот на Луис Хамилтон и со половина болид предност ја мина целта како втор, а Ферари ќе има пожар за гаснење откако Себастијан Фетел и Шарл Леклер се судрија.

Интерлагос донесе многу возбудувања. Можеби две третини од трката беше мирно, освен при првите влегувања во бокс кога Макс Верстапен се најде зад Луис Хамилтон и веднаш си ја врати лидерската позиција. Но затоа пак последните петнаесетина круга донеса многу драма.

Се започна кога откажа моторот во болидот на Валтери Ботас и излезе безбедносното возило. Макс Верстапен се реши да оди во бокс по свежи пневматици а Луис Хамилтон остана на патеката. Кога болидите добија зелено светло за трка, Макс Верстапен веднаш го помина Луис Хамилтон и изби на чело, а зад нив Алекс Албон го претекна Себастијан Фетел за позицијата број 3.

Потоа следуваше дуел на двајцата тимски колеги, Леклер го помина Фетел во првиот свиок, Германецот веднаш врати, но младиот возач од Монако не остави многу простор па дојде до контакт. Двата болиди имаа сериозно оштетување, трката за двајцата заврши и на патеката повторно излезе безбедносно возило.

Луис Хамилтон реши да се коцка и да влезе во бокс по нови гуми и покрај тоа што до крајот имаше уште малку. Британецот беше агресивен по ре-стартот, веднаш го помина Гасли, а при обидот да го претекне Албон дојде до контакт помеѓу двајцата во кој настрада возачот од Тајлнад и се најде на крајот од опашката.

Пјер Гасли го искористи ова за да стигне до втората позиција, Французинот машки извозе, влезе рамо до рамо со шампионот и со половина болид мина прв низ целта. Луис Хамилтон мораше да се задоволи со последното место на пиедесталот, но тој е под истрага за инцидентот со Албон и може да ја загуби позицијата.

Проблемите на големите имиња значеа добар пласман за останатите, Саинц финишираше како четврти, Раиконен како петти, Џовинаци како шести а потоа следуваа Рикиардо, Норис, Перез и Квајт.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе