Македониија вторпат по ред ќе игра на Европско првенство, одбојкарите покажуваат квалитет и тоа го прават во континуитет. Веќе никој не може да каже дека успехот е случајност.
„Уште еднаш покажавме дека вредиме и на многумина им ги затворивме устите. Ние сме едно големо семејство, едно цело, во кое никој не се скарал ниту подвикнал. Таа сплотеност нѐ краси. И овој успех покажува колку вредиме. Во составот немаме ѕвезди ама ќе станеме! Еве втор пат ќе играме на Европско. Немаме илузии дека таму ќе одиме на медал, не сме фаворити, но сигурно нема да одиме со бело знаме“, вели Љафтов.