Инаетот одиграл голема улога

Љафтов: На критичарите им покажавме зошто сме дојдени

Александар Љафтов вели дека критиките кои ги добивале во изминатите денови им дале посебен мотив за да дојдат до оваа историска победа.

Македонија оствари историска победа откако ја совлада Белорусија со 3-1 во сетови. Еден од најзаслужните беше Александар Љафтов кој мечот го заврши со 16 поени.
 
„По трите порази многумина не критикуваа, прашуваа зошто сме дојдени, велеа дека сме аутсајдери, сега им покажавме зошто сме дојдени. Тој инает проработе кај нас и ја остваривме оваа историска победа. Многу ја посакувавме победата, можеби имавме осцилации и падови во претходните мечови, но денеска покажавме дека знаеме да одиграме вистински меч и да победиме. Ние сме дебитанти, нема да си заминеме без победа, задоволни сме од тоа што го покажуваме, така и ќе си заминеме. А другите што сакаат нека зборуваат“, изјави Љафтов.
 
Македонија утре од 17:30 часот игра против домаќинот Словенија.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе