Примера

Леванте водеше со 2-0 и имаше играч повеќе, но не го победи Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Леванте пропушти голема шанса со победа против Атлетико Мадрид да ја заврши сезоната, имаше водство од 2-0, а потоа противникот доби и црен картон, но конечниот резултат беше 2-2.

Барди ги одигра сите 90 минути во натпреварот во кој Леванте не успеа да го победи Атлетико Мадрид и покрај одличната позиција во која се најде.
 
Ова беше дуел во кој и на двете екипи бодовите не им значеа многу.
 
Леванте поведе уште во шестата минута со гол на Кабако, а во 36. минута Роџер го зголеми водството на 2-0.
 
По шест минути игра во второто полувреме Кореа поради груб фаул заработи директен црвен картон. Атлетико Мадрид остана со фудбалер помалку.
 
Но и покрај тоа тимот на Диего Симеоне се спаси од пораз. Со головите на Родриго и Камело дојде до нерешени 2-2. За Камело ова не само што беше прв меч во Примера, туку и прв шут.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе