Формула 1

Леклер се заби во заштитната ограда и му подари победа на Верстапен во Франција

Нов пех за Шарл Леклер, возачот на Ферари се заби во ограда и му подари победа на Макс Верстапен во Франција, Луис Хамилтон и Џорџ Расел се искачија на подиумот.

Шарл Леклер и Ферари наместо да ја намалат предноста на Макс Верстапен во генералниот пласман, му овозможија на Холанѓанецот одново да побегне. 

По одличните квалификации, денеска нов пех за Шарл Леклер кој излета во свиокот број 11 и се заби во заштитната ограда во кругот број 17. 

Макс Верстапен го искористи подарокот и стигна до победа пред Луис Хамилтон. Последното место му припадна на Џорџ Расел, кој во финишот го претекна Серхио Перез. 

Во бодови уште завршија Карлос Саинц, Фернандо Алонсо, Ландо Норис, Естебан Окон, Даниел Рикардо и Ланс Строл.

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе